Logo

Здружение на инфектолози

на Република Северна Македонија

image

Здружението на инфектолози на Република Северна Македонија организира редовни стручни, акредитирани состаноци, најмалку два пати годишно на кои се презентираат теми и новини од интерес не само за инфектолозите, туку и за колегите од останатите специјалности, како и за колегите од општа пракса и семјена медицина. Исто така здружението на инфектолози организира работилници и стручни предавања со истакнати имиња од медицната како од земјава така и со странски предавачи. До 2023 година во рамките на здржението се организирани шест конгреси на инфектолозите со меѓународно учество, при што последниот, VI-ти Конгрес на инфектолози со меѓународно учество беше одржан во ноември 2022 година.

Преку организирање на своите стручни состаноци, здружението на инфектолози на своите членови им овозможува континуирана медицинска едукација и обновување на веќе етаблираните знаења и вештини, како и увид во новите теоретски и практични сознанија како од областа на инфектологијата така и од на неа сродните гранки. Истовремено, членовите на ЗИМ со своите стручни настапи учестувале на многу домашни и меѓународни стручни состаноци, секции, семинари, симпозиуми и конгреси.


Во 1962 година е формирана Секцијата на Инфектолозите на СРМ при Македонското Лекарско Друштво, со седиште на Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, која во 1993 година прерасна во Здружение на Инфектолозите на Република Македонија-ЗИМ.

Досегашни претседатели на Здружението на инфектолозите на Македонија биле:

  • Проф. д-р Звонко Миленковиќ ,1994-1999 година;
  • Проф. д-р Љубомир Ивановски, 1999-2004 година;
  • Проф. д-р Виолета Груневска, 2004-2008 година;
  • Проф. д-р Снежана Стојковска 2008-2019 година.

  • Во 2019 година е избрано ново претседателство на Здружението на инфектолози на Република Северна Македонија, во состав:

    Димзова
    Науч. сор. д-р
    Марија Димзова

    Претседател

    Димзова
    Д-р Иван Видиниќ

    Секретар

    Димзова
    Ас. прим. д-р сци Катерина Спасовска

    Благајник

    Членови на Управниот Одбор на ЗИМ се:

    Димзова Науч. сор. д-р
    Марија Димзова

    Претседател

    e-mail
    Димзова д-р
    Иван Видиниќ

    секретар

    e-mail
    Димзова Ас. прим. д-р сци
    Катерина Спасовска

    благајник

    e-mail
    Димзова Прим. д-р
    Неџми Села

    член

    e-mail
    Прим. д-р
    Дијана Шишкова

    член

    e-mail
    Прим. д-р
    Валентина Џартовска

    член

    e-mail


    ДОКУМЕНТИ

    Статут на Лекарска Комора

    Лекарската комора на Република Северна Македонија е самостојна и професионална организација на сите докторите на медицина на територија на Република Северна Македонија...

    Види PDF »

    Статут на Македонското лекарско друштво

    МЛД е стручно, доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на докторите по медицина. Членувањето во МЛД е чест и морална обврска на лекарите кои живеат во Република Македонија.

    Види PDF »


    ...

    Copyright © 2023 · All Rights Reserved · trench